Како се пие чајот од магдонос доколку сакате да ослабите: 5 дена се доволни!

Сите сме слушнале дека чајот од магдонос помага при намалувањето на масните наслаги на половината и колковите, но дали сте знаеле како се користи овој напиток.

Чајот од магдонос е многу здрав и народната медицина го препорачува при лекувањата на воспаленијата на уринарните канали, болестите на бубрезите, мочниот меур, но и за слабеење.

Оние кои го пробале велат дека неверојатно им помогнал, но овој чај не е магичен – килограмите ќе се намалат само доколку се придржувате до овие правила.

1. Чајот правете го од свеж магдонос
2. Секогаш пијте го со додаток од сок од лимон
3. Консумирајте го секој ден пет дена по ред, а потоа направете пауза од 10 дена.
4. Во текот на тој период задолжително вежбајте. Брзото пешачење од половина час е одлично, но направете уште неколку вежби дома.
5. Во текот на консумирањето на овој чај од исхраната исфрлете ги слатките, преработените производи и јадете само варена и чорбеста храна.
6. Покрај чајот потребно е да пиете и многу вода (најмалку 3 литри на ден).

Како да го подготвите чајот од магдонос?

Во врела, зовриена вода, додадете го ситно исецканиот магдонос. Водата тргнете ја од огнот и поклопете го садот. Оставете го чајот да се излади. Процедете и пијте во текот на целиот ден со задолжително додавање на сок од лимон. Чајот никако не го засладувајте со шеќер, ниту пак со мед или било кој вештачки засладувач.

Во текот на денот потребно е да испиете околу 800 мл од овој чај.

Никако не треба да јадете по 18 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот