Роман Абрамович бара купувач за Челси/ фото: EPA-EFE/ANTHONY ANEX

Како Роман Абрамович преку ноќ стана најбогатиот Португалец

Роман Абрамович стана најбогатиот Португалец. Еден од најпознатите руски олигарси, чие богатство „Форбс“ го проценува на 14,4 милијарди долари, добил пасош од таа земја од ЕУ, а во моментот кога го презел станал нејзин најбогат жител.

Имено, Абрамович по неколкугодишни неуспешни обиди да добие пасош од една европска земја, доби португалско државјанство, благодарение на неговото еврејско потекло.

Португалското Министерство за правда објави дека го одобрило барањето на Абрамовиќ за натурализација поднесено на 13 април 2021 година.

 

„Тој докажа дека е потомок на пропортугалските сефардски Евреи преку потврда издадена од израелската заедница Порто“, рече портпаролот на Министерството.

Од 2015 година, Португалија им нуди пасоши на оние кои можат да докажат семејни врски со сефардските Евреи кои биле протерани од таа земја или насилно преобратени во христијанството на крајот на 15 век.

Абрамович, инаку, е почесен член на неколку португалски еврејски организации.

Драма со швајцарско државјанство

Освен руско и португалско, Абрамович има и израелско државјанство од 2018 година и се обидел да добие и швајцарски патни документи.

Имено, тој во 2016 година поднел барање да стане швајцарски државјанин. Кантонот Вале првично ја прифати апликацијата на Абрамовиќ врз основа на неговиот финансиски профил, што го прави „интересен даночен обврзник“.

EPA/KERIM OKTEN

Меѓутоа, властите на федерално ниво зазедоа поинаков став откако швајцарската федерална полиција соопшти дека милијардерот претставува „закана за јавната безбедност и ризик за угледот на земјата“.

Абрамович се обидуваше да го сокрие ова фијаско од јавноста, поради што седум месеци водеше правна битка против издавач на швајцарски весник во обид да ги спречи да ја објават оваа информација. Тој на крајот ја загуби тужбата, а медиумите потоа нашироко пишуваа дека полицијата ги информирала швајцарските власти дека Абрамович е „познат по сомневањата за перење пари и наводни контакти со криминални организации“. Тие, исто така, тврдеа дека има причина да се верува дека „имотот на подносителот бил барем делумно од незаконско потекло“.

Во јуни 2017 година, Абрамович го повлече барањето за швајцарско државјанство.

 

 

Губење на британската виза

Милијардерот, кој поседува неколку вредни недвижности во Лондон и фудбалскиот клуб Челзи, во 2018 година остана без британска претприемничка виза, која му е потребна за да работи во таа земја.

Абрамович остана без продолжување на визата поради тогашните дипломатски тензии меѓу Москва и Лондон, што доведе до тоа британските власти предводени од премиерката Тереза ​​Меј да ги заострат условите за добивање претприемничка виза во обид да спречат перење пари од богати тајкуни од исток , пред се од Русија.

Сопственикот на Челзи Роман Абрамович и неговата ќерка Софиа на трибините ја следат Челзи – Сандерленд / Фото: EPA-EFE

Абрамович потоа се откажа од барањето за продолжување на визата бидејќи во спротивно ќе мораше да го испита изворот на неговото богатство, но под построги услови отколку што беше случајот кога аплицираше за виза порано. Поради сето горенаведено, Абрамовиќ ги суспендираше и плановите за изградба на стадион вреден 500 милиони евра за неговиот клуб „Челзи“.

 

Решение – Израел

Решението го нашол во Израел, чиј пасош го добил истата година, врз основа на еврејско потекло – слично на случајот со португалскиот пасош.

Сепак, иако израелскиот пасош беше најбрзо решение за олигархот кој важи за близок до Владимир Путин, тоа не беше најдобро решение.

Profimedia

 

Имено, документот на оваа земја му дозволува да ја посетува Британија до шест месеци годишно, но израелските граѓани мора да добијат виза доколку сакаат да живеат, работат или студираат во Британија.

Иако има одредени ограничувања наведени за Брегзит со пасошот на ЕУ, оние кои сакаат да работат и живеат во Британија, како Абрамович, можат полесно да ги исполнат условите.

Абрамович, за кој се верува дека го стекнал богатство во руската нафтена индустрија во текот на 1990-тите, пресели дел од својот бизнис во Лондон во последните години. 

Неговиот најпознат бизнис во Лондон секако е купувањето на фудбалскиот клуб Челзи во 2003 година.

„Форбс“ го процени богатството на Абрамович на 14,4 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот