Како погребите станаа СПЕКТАКЛ – Пиротехника, мотори и музика наместо ПЛАЧ (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Расплакани луѓе обвиени во црно, спуштени глави, гласни крици, а потоа таа морничава ладна тишина. Така најчесто изгледа збогувањето од тие што не напуштиле засекогаш. Но, не секогаш.

Овие вообичаени погреби ги заменуваат некои, може да се рече спектакуларни перформанси на гробиштата. Овој тренд ни доаѓа од Западот, од друштва кои на смртта гледаат малку поразлично, но и истакнато со тоа што луѓето кои не напуштаат не би сакале да патиме, туку баш напротив.

Од плех музика до славење над покојниот

Плех музика, сериозна, а моќна и продорна станува нова традиција во цивилните, а религиозни погреби.

Но некои љубители на музика бараат наместо плач, над нивниот ковчег да се чуе песна, и тоа не тажна, туку народна, забавна или рок музика.

Малку по малку, дојдено е до тоа песната над гробот да не е табу, да значи исмејување или забавување, туку напротив, да симболизира поврзаност со покојниот.

Звук на мотори

Моторџиите се посебно поврзани за своите мотори. Моторот и возењето е дел од нивниот живот и идентитетот.

Последниот поздрав на починатите, друштвото на моторџии го оддава буквално на две тркала. Тие мирно стојат пред капелата или гробиштата, а со своите мотори често ја пратат и посмртната поворка.

Навивачки реквизити

Навивачите живеат за клубот, за стадионот и навивачките бои и запалените пиротехнички реквизити се симбол на нивниот бунт и тоа што јавноста го препознава кај нив.

Така, заедно со пламенот на свеќите, над гробот на Александар Савковиќ, кој беше убиен во 2017 година пред клубот Нана, беа запалени навивачки пиротехнички реквизити.

Погреб во живо

На риалити програмите во живо ги гледаме најинтимните моменти на учесниците – спиење, туширање, пред камерите се создаваат и раскинуваат врски, ескалираат караници итн.

Учесниците се навикнати да бидат експонирани како јавни личности, дури и за работите што им се случуваат на членови од нивната фамилија. Така беше и со еден погреб.

Милош Коцкар, татко на ѕвездата на едно реално шоу, Кија Коцкар е погребан со голема медиумска изложеност и тоа со пренос во живо.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот