Како несвесно го градиме имиџот?

имиџ
Фото: Принтскрин / Instagram

Сите знаеме – потребни се само неколку секунди за да оставиме прв впечаток на луѓето што ги среќаваме! А впечатокот се  формира врз основа на она што го гледаме – односно врз основа на визуелен впечаток кој во 21 век стана поважен од кога било досега.

Визуелниот идентитет во целина зависи од личниот стил или имиџ што го негувате – тоа е нешто што ве прави препознатлив, автентичен и впечатлив. Што ви овозможува да се претставите и да комуницирате со околината без ниту еден изговорен збор. А во тоа битна улога играат неколку ставки:

Гардероба

Не е ново дека изборот на облека кажува многу за нас. Низ историјата, луѓето го покажувале (и го криеле) својот статус, положба во општеството, припадност, ставови и верувања со избирање облека. Со изборот на одредени парчиња, бои, кроеви и материјали, како и нивно комбинирање на одреден начин, на секоја комбинација и се дава личен шмек. Зошто е тоа важно?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid)

Тогаш на луѓето им го покажуваме нашето внатрешно јас, кога сме свои и автентични, луѓето не забележуваат. . Облеката ни дава можност да го изразиме сопствениот идентитет, да им покажеме на другите кои сме. А тоа можеме да го направиме со неколку клучни парчиња облека кои совршено ќе ја истакнат нашата личност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid)

Но при изборот , прво мора да се откриеме и запознаеме себеси, како и да размислиме како сакаме да се претставиме пред другите. Соодветно на тоа, ќе се одлучиме за облека што е формална или неформална, романтична или дива, модерна или класична, светли или пригушени бои. Накратко, неизбежните парчиња треба да бидат оние во кои најдобро се чувствувате, а кои одговараат на вашата личност во боја и крој – или барем сликата што сакате да ја создадете за себе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid)

Технологија и гаџети

Дали при изборот на нов мобилен ги гледате само спецификациите на уредот или како е дизајниран? Кога купувате слушалки, размислувате и за тоа која боја најмногу одговара на вашата облека? И кога избирате одреден бренд, дали всушност избирате одреден стил што оди со тој бренд?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Technhub (@technhub)

Сигурни сме дека одговорот на барем едно од овие прашања е да. Дизајнот на преносливите уреди што ги користиме секојдневно е толку напреден што повеќето од нас, свесно или не, ја користат технологијата како еден од деталите што го сочинуваат нашиот сеопфатен стил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @gs_gadget_style

Познатите брендови веќе извесно време се свесни дека пазарот е заситен со најразновидни производи и дека тие мора да бидат иновативни за луѓето да ги купуваат токму тие. Затоа се повеќе се свртуваат кон естетиката и обидите покрај функционалноста да продаваат и стил. .

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Station For style (@stationforstyle)

Додатоци

Без разлика дали се работи за златен или сребрен накит, мониста или т.н. „statement“, импозантен или подискретнен, монохроматски или во  живописни бои и разигран, накитот е тука за да им помогне на оние кои навистина вложуваат време и пари во својот стил успешно да го заокружат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Briony Croft (@brionycroft)

Дизајнерите на накит, свесни за фактот дека на секоја комбинација на облека тој и дава личен шмек, вложуваат големи напори да дизајнираат и изработат парчиња кои се уникатни и ефективни. Така се појавија многу дизајнери ширум светот кои имаат навистина необични и оригинални креации и скоро секој голем бренд има своја линија на очила.

Секоја сезона незаменливи се очилата, било со диоптер или со очила за сонце, кои со своите бои и облик навистина оставаат простор да си поиграте со различни стилови и да оцените што најмногу ви одговара. Со помош на очила можете за неколку секунди да ја трансформирате секоја комбинација на облека.

Исто така, одличната чанта, шал или марама, како и внимателно одбраните чевли, навистина ја комплетираат секоја комбинација на облека и ви помагаат да развиете сопствен стил на облекување кој ќе привлече внимание каде и да се појавите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bolsos Callista (@bolsoscallista)

Кога размислувате за вашиот процес на избор на обичен накит, очила, слушалки, шалови, маски за телефон – дали сè уште мислите дека не ви е грижа што мислат другите за вас? Можеби тоа го правите несвесно, но навистина се грижите за вашиот имиџ, дури и кога избирате модели на патики.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот