Како малечка ја злоставуваа, мажот ја изневерувал, а сега е во сериозна врска: Сандра Булок наполни 56 години! (ФОТО)

Facebook

Американско-германската актерка и продуцентка Сандра Булок е родена на 26 јули 1964 година и вчера го прослави својот 56-ти роденден, а нејзините фанови и покрај годините велат дека таа е многу младолика и дека изгледа минимум 10 години помладо.

Сандра е родена во Вирџинија, а повеќе од своето детство го поминала во Германија и поради тоа, таа течно зборува германски јазик.

Во Германија, Сандра честопати била злоставувана во училиште, бидејќи носела „старомодна“ облека. Кога била тинејџерка, со мајката Хелга, оперска пејачка која почина на 58 години, таткото Џон, кој бил професор по музика и помладата сестра, која е слатркарка, Гесин, се преселиле во Вашингтон.

 

View this post on Instagram

 

❤️

A post shared by Sandra Bullock (@sandra.bullock.official) on

Тогаш ни на крај памет не и било дека може да успее и да стане ценета актерка. Таа денес го слави 56-от роденден и остана многу „приземјена“.

Сандра запишала глума на „ East Carolina University“, била прогласена за кралица на матурската вечер, а по завршувањето на факултетот се преселила во Њујорк и започнала да ја гради својата кариера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sandra Bullock (@sandra.bullock.official) on


За главната улога во филмот „Приказна за првакот“ во 2009 година освои Оскар, а блокбастерите „Мис таен агент“ и „Гравитација“ и донесоа голема заработка. Во 2012 година влезе во Гинисовата книга на рекорди како најплатена актерка во светот со плата од околу 54,7 милиони долари.

По неколкуте романси во младоста, Сандра се омажила за Џеси Џејмс (51). Очигледно не знаела дека се работи за голем холивудски шмекер, кој партнерките ги изневерувал со повеќе жени истовремено.

Неколку жени имаат изјавено дека спиеле со Џејмс додека бил во брак со Сандра. Тоа било капка која ја прелеало чашата, па актерката поднела барање за развод и покрај тоа што Џејмс и зборувал дека е болен и се пријавил на клиника за рехабилитација за секс.

Во меѓувреме, актерката посвоила деца, а од 2015 година таа е во врска со фотографот Брајан Рандал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот