Стојанче Јовановски, фото „Слободен печат“ Драган Митревски
Стојанче Јовановски, фото „Слободен печат“ Драган Митревски

Како Ивана барала помош на бројот 112 кога Стојанче ѝ го заклучил станот — се слушаат снимки во судницата

Обвинителството изведува материјални докази во судницата, во склоп на постапката против Стојанче Јовановски, обвинет дека ја навел на самоубиство својата сопруга Ивана, чиј живот трагично заврши заедно со животот на ќерката Катја со пад од балкон во скопската населба Тафталиџе на 2 март годинава.

Како Ивана барала помош на бројот 112 кога Стојанче ѝ го заклучил станот — се слушаат снимки во судницата

Обвинителката Адела Бојчевиќ укажа дека од содржината на некои материјали би произлегла вознемирувачка содржина и укажа медиумите внимателно да ја информираат јавноста за да се избегне дополнителна виктимизација на инволвираните лица.

Во судницата ќе се презентираат аудиоснимки од телефонската линија 112, како и снимени разговори од Центарот за управување со кризи. Исто така, ќе бидат презентирани записници од одделението за крвни и сексуални деликти и записник од МВР од увид на лице место по падот од балконот на Ивана и Катја.

Беше презентирана пријава во системот на МВР каде мајката на Стојанче, Цветанка Јовановска го пријавила својот син на 30 јуни 2024 година во 14 часот и 44 минути.

Беше презентиран аудиоповик од тоа кога сосетка на Стојанче и Ивана се јавила на бројот 112, и побарала да биде анонимна, пријавила дека мало дете вриска и плаче, а дали внатре во станот се тепаат, не знаела.

Презентиран беше аудиоповикот кон 112 од машко лице, кое пријавува дека „од соседниот стан соседите се дерат, а жената дошла кај нив и кажала дека нејзиниот сопруг ја тепа и таа е кај нив дома“. Пријавата кон полицијата е од еден часот по полноќ.

Презентиран беше и телефонски повик од Ивана кон оператор на бројот 112, каде таа се јавила на 15 октомври 2025 година во 8 часот и 38 минути од својот телефонски број.

Како што се слуша на снимката, Ивана го прашува операторот каде да се обрати кога некој ѝ го има заклучено станот и не ја пушта да влезе во него. Операторот на 112 ѝ кажува да се јави на куќен совет, а ако не успее, тогаш операторот ќе ја поврзе со Пожарна. Ивана во повикот објаснува дека куќниот совет нема клучеви од нејзиниот стан. Бара да ја поврзат со полиција, операторот пак ѝ вели да се консултира со куќниот совет па ќе ја поврзат со Пожарна за да ја скршат вратата. Ивана вели дека не ѝ е проблем да биде скршена вратата.

Мајката поднела тужба да се разведе од насилникот, а во ЦСР Скопје пред еден месец е пријавено дека сопругот ја тепал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот