Како Хрватска ги надмина Унгарија и Словачка во стандардот?

Хрватско знаме / Фото: МИА

Минатата година Хрватска претекна уште две членки на Европската унија кога станува збор за вистинската индивидуална потрошувачка на нејзините граѓани (СИП) и на тој начин, според овој критериум кој го мери стандардот на граѓаните, ги остави Унгарија и Словачка зад себе, заедно со Бугарија, инофрмира Н1 Хрватска.

Според стандардите на своите граѓани, Хрватска, како и споменатите земји, се уште е далеку од просекот на Европската унија, но со години зад неа стоеше само Бугарија. Лани во Унгарија стандардот стагнира, во Словачка благо падна, а Хрватска се помести две места од назад. Стандардот на граѓаните на Евростат ја мери реалната индивидуална потрошувачка по жител, што покажува колку добра и услуги потрошиле поединците, без разлика дали самите платиле за нив или трошокот го сноси државата или невладините организации.

Податоците што вчера ги објави Државниот завод за статистика, а споредбите се направени во соработка со заводите за статистика на сите европски земји, велат дека според СИП, кој ја покажува благосостојбата на еден народ, Хрватска била на 72 отсто од просекот на Европската Унија. Пред три години, односно во 2019 година беше на 67 проценти. Затоа, стандардот на хрватските граѓани, барем според овој статистички показател, е подобрен во двете години од пандемијата, што веројатно има врска со поддршката што државата им ја даваше на граѓаните и на стопанството за време на пандемијата, пишува Нови лист.

Што се однесува до земјите кандидати, Турција повторно е на прво место со БДП по глава на жител кој достигна 63 отсто од просекот на ЕУ, потоа Црна Гора со 48 отсто и Србија со 44 отсто. БиХ има БДП по глава на жител кој достигна 33 отсто од европскиот просек, пишува Нови лист.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот