Како функционираат рестораните во Италија во услови на корона кризата? (ФОТО)
Еден од најопипливите знаци дека животот во Италија полека се враќа во нормала по 10 неделен карантин е тоа дека од понеделникот повторно може да се јаде во ресторан.
Препорачано

Но ваквото доживување секако се промени со кризата, на масите нема мени, а келнерите мора да земат и лични податоци од своите гости.

Пред да седнете во ресторан храната прво ќе мора да ја нарачате на интернет.
Сопствениците на рестораните се обврзани да ги запишат вашето име, телефонски број и адреса, а потоа ќе треба да одговорите и на прашањето во какви односи сте со лицата со кои седите на маса.

Доколку делите заеднички дом, не сте обврзани да ги почитувате мерките за физичко дистанцирање. Но група колеги на пример може да биде составена од максимално четири лица и истите треба да седат дијагонално на масата.

– Изгледа како да се крши приватноста, но ние само ги почитуваме пропишаните епидемиски мерки кои се потребни за да го заштитиме нашето здравје, вели еден сопственик на ресторан.

Тој додава дека податоците за гостите се користат за евентуално следење на контакти на заразени лица и истите се чуваат 30 дена.


