Како да се ослободите од мирисот на цигари во вашиот дом?

Ако не пушите, сигурно е дека мирисот на цигари многу ви пречи и го чувствувате секогаш кога некој пријател – пушач ќе ви дојде на гости.

Тогаш останува оној непријатен мирис на чад во домот од кој сакате да се ослободите најбргу што може. Тој мирис се лепи на завесите, теписите, мебелот и други места и може да се отстрани оттаму.

Тоа можете да го направите на два начина: со длабинско чистење, во ситуациите кога многу е задушливо, или со друг побрз метод, кога количината на чад овозможува тој да излезе побргу.

Длабинско чистење

1. Започнете со бришење на мебелот и исчистете го каучот.

2. Симнете ги завесите за да ги исперете и не заборавајте да употребите омекнувач.

3. Дрвениот мебел и паркетот избришете го со малку оцет. По некое време неговиот мирис ќе исчезне, а во меѓувреме ефикасно ќе го впие мирисот на цигари.

4. Кога станува збор за ѕидовите, размислете за тоа почесто да ги бојосувате и потоа да ги премачкате со нешто кое ќе го спречи впивањето на чадот.

5. Прозорците нека ви бидат отворени додека чистите, затоа што така дело од чадот сам ќе излезе и ќе ве поштеди од малку работа.

Брзо чистење
1. Запомнете да проветрувате уште додека гостите кои пушат се кај вас. Така дел од чадот ќе излезе уште пред да се впие во домот.

2. Оваа појава ќе ја превенирате и со плаење на миризливи свеќи

3. Поставувајте садови со активен јаглен на неколку места низ куќата, особено таму каде што се пуши.

4. Друг добар метод е во собата која е полна со чад да ставите сад со оцет на кој сте додале и малку етерично масло.

5. Можете да ставите кора од лимон и портокал во вода на оган, да ја зовриете и додека уште испарува да ја ставите во задушливата соба.

6. Користете некаков апарат за прочистување на воздухот. Тие прават голема разлика.

7. Ставете малку сода бикарбона по мебелот и каучот. Тој вечерта ќе го впие мирисот, а утредента треба само да ги поминете со правосмукалката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот