Како да разликувате оригинал и фалсификат монети од две евра

курсна листа, евро
Евра / Фото: EPA/FEDERICO GAMBARINI

Дизајнот на фалсификуваните монети често изгледа заматен, со доста нерамнини и гребнатини, а формата им е неправилна. Натписите на рабовите на оригиналните евро монети се остри, заради полесно препознавање од лицата со оштетен вид, додека кај фалсификуваните се нејасни и непрепознатливи, а се разликува и растојанието помеѓу поединечните симболи и зборови

Откако шпанската полиција минатата недела откри кинеска група која произвле околу милион евра во лажни монети од по две евра, од Народната банка на Македонија објавија соопштение во кое појаснуваат како граѓаните кои патуваат во странство можат да направат разликите меѓу оригиналните и фалсификуваните евра.

-Фалсификуваните евро монети можат лесно да се препознаат, доколку внимателно се провери дизајнот на предната и задната страна на монетата и нејзиниот раб: Дизајнот на фалсификуваните монети често изгледа заматен, со доста нерамнини и гребнатини, а формата им е неправилна. Натписите на рабовите на оригиналните евро монети се остри, заради полесно препознавање од лицата со оштетен вид, додека кај фалсификуваните се нејасни и непрепознатливи, а се разликува и растојанието помеѓу поединечните симболи и зборови, се вели во соопштението.

Фото: НБРСМ

Преку употреба на магнет, наведуваат дека може релативно лесно и едноставно да се утврди фалсификувана кована пара.

-Централниот дел на монетите е изработен од посебен безбедносен материјал кој е поседува слаби магнетни својства, додека надворешниот прстен не поседува магнетни својства. За разлика од оригиналните, фалсификуваните монети имаат изразено силни магнетни својства или пак воопшто ги немаат, стои во соопштението од Народна банка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот