КАКО ДА НЕМА КОРОНА: Стотици лица без маски се журкаа во ноќен клуб во Струмица (ВИДЕО)

И покрај забраната за работа на ноќните клубови во државата, во Струмица, ова не важи. Во овој град, во клубот „Аватар“ два дена по ред се одржуваат забави со гужви, турканици и неконтролиран влез на гости. Забавите се со музика во живо, а настапуваат популарни артисти од земјава. Пазарниот инспекторат во петокот направил контрола веќе поднел кривична пријава за клубот „Аватар“, потврдуваат оттаму за А1он.

Но, и покрај тоа, клубот не престанал со работа туку одржал и втора забава со друг пејач. На вчерашната забава која се случила во период кога во нашата држава беа дијагностицирани рекордни 240 лица заболени со коронавирус за едно деноноќие, настапил пејачот Ѓоко Јовиќ.

Директорот на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски, за „А1он“ вели дека петочната забава ја прекинале после 1 часот и ќе поднесат кривична пријава, а за тоа дали клубот е контролиран и вчера, не знаел, требал да провери. Тој додава дека совеста и одговорноста на граѓаните е на ниско ниво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот