Како да издржите подолго во сексот: Шест корисни методи за мажите

Фото: Pexels/ cottonbro studio

Не е баш новост дека на мажите им треба помалку време од жените за да доживеат оргазам. А, кога тоа ќе се случи, сексот обично веднаш завршува. По ејакулацијата, мажите поминуваат низ рефракторен период во кој не можат да постигнат друга ерекција одредено време (жените имаат мал или никаков рефракторен период). Ова е нормално и варира, но постојат начини да се прекине сексуалниот однос, пишува „Фадерли“.

„Сексот не е линеарна, туку флуидна ситуација. Не мора секој пат да ги правите истите работи по ист редослед“, вели д-р Керол Квин.

Таа додава дека способноста сексот да трае долго време не е секогаш клучот за сексуалното уживање на вашиот партнер. Иако, секако, и вие не сакате работите да завршат пребрзо. Сепак, еве ги најдобрите методи според неа, кои можете да ги испробате доколку сакате да издржите подолго во кревет.

Направете ритуал пред предиграта

Мастурбирањето пред секс е еден од начините да си дадете време. Доколку си дадете повеќе време пред да започнете со сексот, ќе имате можност да издржите подолго со вашиот партнер.

Вклучете ги секс-играчките

Ако барате алатка која ќе ви помогне да издржите подолго во кревет, размислете за прстен за вашиот пенис. Нема да работи за сите мажи, но Квин вели дека може да помогне во продолжување на ерекцијата со ограничување на протокот на крв во пенисот.

Стратешки сменете ја вашата поза

Квин вели дека промената на положбата при сексуланиот однос е добар извор на одвраќање на вниманието. Имено, колку повеќе непознати пози, толку подобро.

Забавете

Добриот секс е маратон, а не спринт.

„Многу мажи брзаат за време на односот. Но, бавното движење може да биде почувствително, интимно и пријатно и може да го олесни оргазмот што доаѓа“, вели Квин.

Затоа, ако сакате да издржите подолго во кревет, само обидете се да забавите. Тоа не е трка. Всушност, тоа е една од ретките области во животот каде што да бидеш прв всушност те става последен.

Пробајте ја „еџинг“ техниката (edgin)

Оваа техника се однесува на форма на контрола на оргазмот каде што поединецот ја намалува стимулацијата непосредно пред да се случи неизбежната ејакулација. Со други зборови, тоа значи забавување пред да стигнете до точката од која нема враќање. Според Квин, најдобро е сами да ја испробате техниката пред да ја искористите во спалната соба.

„Најдобар начин да започнете да го учите овој метод е за време на мастурбацијата, кога навистина можете да се фокусирате на физичките и сексуалните промени кои водат до климакс“,вели Квин.

Одвлечете си го вниманието

Иако звучи како клише, во него има вистина. Помислете на испотени чорапи после теретана (или било што друго непријатно што ви го одвлекува вниманието) кога се приближува оргазмот. Иако не е докажано, но размислувањето за несексуални работи помага да се игнорира чувството и дава време до постигнување на оргазмот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот