Како да ги толкувате детските цртежи? 10 корисни совети кои ќе ви помогнат да го разберете вашето дете

Луѓе, куќа, сонце, дрвја, животни … Децата изразуваат многу работи преку нивните цртежи, а особено емоциите. За да можете правилно да ги интерпретирате цртежите на вашите деца и подобро да разберете што сакаат да нѝ кажат, следете ги нашите едноставни (и скапоцени) совети.

Уште пред да почнат да зборуваат, да одат, или да побараат нешто, вашето детенце црта. Понекогаш тоа „троши“ многу време на цртање, пред да дојде да ви го покаже своето дело. Цртежот на детето го искажува она што го чувствува, неговите очекувања, задоволството, но и стравот. На кратко, детскиот цртеж е вистински златен рудник за информации за подобро да го разберете вашето дете.

Еве 10 корисни совети од психолозите за тоа како да ги толкувате детските цртежи.

1.Секогаш сместетего цртежот во неговиот контекст: дали вашето дете гледало цртан филм што го исплашил? Дали детето слушнало нешто што може да ја објасни темата на цртежот?

2. Запомнете дека детето секогаш се проектира себеси во цртежот. Сконцентрирајте се на личноста или предметот, односно објектот, кој го претставува во цртежот.

3. Имајте на ум дека цртежот е слика, израз на момент и нема постојана вредност. Едноставно, може да изрази само едно моментно лошо расположение.

4. Погледнете го цртежот во целина: дали е динамичен, дали е шарен, полн со контрасти, експлозивни бои, слатки фигури, полн со детали, чувствителен цртеж… Дозволете си да бидете водени од општиот впечаток кој ќе ви го покаже глобалното значење на цртежот.

Фото: Пиксабеј

5.Обрнете внимание на боите: обоениот цртеж е секогаш добар знак, а присуството на црвено-црната боја не е секогаш вознемирувачко: црната боја е секогаш присутна во детските цртежи, а црвената е нивната омилена боја.

6.Оценете го просторот што го зафаќа цртежот: голем, минимален, центриран или не. Сè ова ќе ви даде идеја за местото што детето чувствува дека го зазема во својот живот.

7.Нацртаните животни се многу важни. Тие се средства преку кои детето се претставува себеси или членовите на неговото семејство за да изрази некои скриени чувства, како на пример, агресија или потреба за нежност.

8. Ликовите на цртежот се од суштинско значење: набљудувајте ги нивните димензии и местото каде се наоѓаат во цртежот (горе, долу, близу едни до други, итн.)

Фото: Пиксабеј

9.Никогаш не давајте негативни коментари: цртежот секогаш го претставува самото дете. Затоа, пофалните зборови за детето се многу важни. Така ќе го поттикнете и понатаму да црта, а вие преку неговите цртежи ќе ја следите неговата еволуција и ќе имате можност да ги споредите цртежите со различните моменти од неговиот живот.

10.Конечно, може да се сомневате во психичко нарушување на здравјето кај детето кога опсесивно повторува еден вид цртеж, кога е стереотипиран во изразот (на пример, ги црта секогаш истите чудовишта) или во цртежите секогаш опсесивно се појавува една иста личност, но и тогаш кога гледате дека нема развој од еден цртеж до друг. Во овој случај, треба да се консултирате со специјалист.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот