Како Ајакс го изигра Баерн Минхен за Сержињо Дест

twitter/Bayern & Germany

Американскиот репрезентативец Сержињо Дест се наоѓа пред исполнување на сонот и да го облече дресот на Барселона.

Десниот бек на Ајакс, денеска и официјално ќе потпише договор со Барселона до 2025 година.

Речиси сите медиуми објавија дека сите детали од трансферот на Дест во Барселона се договорени, но полека почна да излегува и темнара страна на Ајакс во оваа приказна.

Имено, пред минатата недела беше објавено дека Сержињо Дест кариерата ќе ја продолжи во редовите на европскиот шампион Баерн Минхен кој се договорил со холандскиот тим и дефанзивецот.
Но, во последен момент се случи пресврт и сега полека се откриваат деталите од тоа како Ајакс ги изигра баварците.
Дест ги договорил личните услови и се согласил да замине во Минхен, но во тогаш дојде повикот од Барселона поради што одлучи да ја стопира работата и да размисли подобро за својата иднина.

Историјата на посебен начин ги спојува Ајакс и Барселона и тоа највеќе поради легендарниот Јохан Кројф, но и поради многуте фудбалери кои од Ајакс се преслија на „Камп Ноу“. Поради тоа никој не се сомнева дека сонот на Сержињо Дест е еден ден да заигра во Барселона, а тоа му го овозможи Ајакс на валкан начин.
Имено, холандскиот тим според пишувањата на германските медиуми, постојано ја ги известувал челниците на Барселона за понудите на Баерн за да им помогнат да го реализираат трансферот.
Барселона која се наоѓа во големи финансиски проблеми, со продажбата на Нелсон Семедо доби средства со кои може да го реализира трансферот на Дест .
Во Ајакс беа свесни за финансиската состојба на Барселона и поради тоа ги одолговлекуваа преговорите со Баерн Минхен чии челници останаа шокирани кога дознаа дека каталонците не понудиле повеќе пари од нив туку идентична сума, 20 милиони евра плус пет милиони во бонуси.

Покрај тоа Баерн понудил веднаш да ги исплати 20. милиони евра, а не како понудата на Барселона тоа да биде на рати, но Ајакс одлучи да ја прифати понудата на каталонците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот