Каја Гербер и постот на Инстаграм: дали е бремена?

Instagram

Манекенката објавила профилна фотографија на која, на прв поглед, изгледа како да има стомаче.

Ќерката на Синди Крафорд, сега веќе популарен модел, Каја Гербер, предизвика лавина реакции на Инстаграм поради објавената фотографија. Имено, на фотографијата Каја позира со книга за деца и родители, кутивче сладолед и – тоа што е впечатливо е нејзиното „надуено“ стомаче кое изгледа како да е бремена.

Во објавата која се брзо ги „прошета“ социјалните мрежи, манекенката носи пар хеланки, кратка маичка и џемперче, а стомакот е откриен. Додека на модната писта стомакот ѝ е сосема рамен, сега не е така. Тоа предизвика сомнеж за, евентуална, бременост: кутивче сладолед во рака (потреба за слатко?!) и книга што ги советува родителите за мајчинство?!

Според некои извори до списанието „People“, ова била само „иронична шега“. Но, останува сомнежот. И, тој потхранува други прашања: Кој би бил таткото? Поранешното момче Пит Дејвидсон?! Со него врската заврши пред две недели.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот