Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш поднесе кривична пријава против правно лице од Радовиш и против Ж.В.(32) од Радовиш-одговорно лице во пријавеното правно лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од МВР.
На 07.11.2020, при извршена контрола на угостителски објект во Радовиш, било констатирано дека било постапено спротивно на протоколите за работа на кафетерии, додаваат од полицијата.