Каевски: Ги отфрлам сите обвинувања на ОЈО кои ги сметам за неосновани и тенденциозни

Дарко Каевски/фото Слободен Печат/Слободан Ѓуриќ

Ги отфрлам сите обвинувања на ОЈО кои ги сметам за неосновани и тенденциозни. Најодговорно тврдам дека го немам прекршено законот во ниту еден случај и тоа ќе се докаже, напиша пратеникот Дарко Каевски од СДСМ во своја објава на Фејсбук во врска со постапката на ОЈО.

OJO поднесе обвиненија против Наумче Мојсоски, Даниел Димевски и Дарко Каевски

Тој очекува дека во една јавна, транспарентна, фер постапка ќе се докаже вистината и дека ништо од тоа нема основа.

„Ниту сум можел ниту сум влијаел, ниту сум поттикнувал било кој од Централната Комисија. Особено што е именувана од друг орган надлежен по Закон, на владина седница. Дополнително сите членови во своите изјави кажале дека не сум присуствувал на работа на комисијата ниту сум давал сугестии. Се е јасно. Во делот на надзорот според тогашниот закон за спорт член 14е, извештајот се доставува до следната календарска година од добиените ваучери најдоцна до 15ти јуни или во конкретниот случај тоа е до 15.06.2021 година, период во кој што јас не сум директор на АМС“, пишува Каевски.

Каевски посочува дека мотивите на ОЈО да биде опфатен со ваква постапка, постои сомнеж дека ова е можеби и злоупотреба за избораната кампања.

„Едно е сигурно вистината ќе се потврди. Дополнително на ова вештачењето е од 25.04.2024 година ден после првиот круг од претседателските избори, а предлогот е доставен за 3 работни дена потоа“, заклучи тој во објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот