„Каде што се пали темјан, таму вируси нема“ – Учителка од Нови Сад дошла до „хит идеја“ за почеток на часот, родителите во шок! (ФОТО)

Фото: EPA-EFE/FELIPE TRUEBA

Најпрвин молитвата Оче наш и темјан, па потоа часот може да почне. Најкратко, така може да се прераскаже објавата на еден родител за предлогот на учителката во Вибер групата со родителите на своите ученици, која се појави на социјалните мрежи и предизвика лавина коментари.

Имено, ден пред училишното ѕвоно официјално да го најави стартот на новата школска година во Србија, учителката од Основното училиште „Иво Лола Рибар“ во Нови Сад им испратила предлог на родителите на своите ученици. Предлогот гласи вака:

„Дали се согласувате секојдневно пред почетокот на наставата да запалиме темјан во нашата училница и да ја изговориме молитвата Оче наш“ – пишува во Вибер групата на една паралелка од четврто одделение.

Под прашањето е креирана и анкета за родителите да одговорат дали се согласни со предлогот или не.

Фото: Фејсбук

Под објавата е ставена и слика на која стои дека не постои вирус кој ќе преживее во куќата во која секојдневно се пали темјан.

Објавата брзо се рашири на социјалните мрежи и предизвика безброј коментари.

„Морничаво, страшно“, беа најчестите коментари.

Дали пак Вие би се согласиле на ваков предлог доколку го добиете од учителката на вашето дете? Пишете ни во коментар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот