Палестинци во Газа /Фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Кац: Никаква хуманитарна помош нема да влезе во Газа

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац го блокира влезот на хуманитарна помош во Појасот Газа, откако ОН предупредија на опасната ситуација што се создаде во палестинската енклава.

„Ниту една хуманитарна помош нема да влезе во Газа“, појаснува израелскиот министер за одбрана во изјавата, два дена откако Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања објави дека палестинската енклава најверојатно ја доживува најлошата хуманитарна ситуација од почетокот на војната на 7 октомври 2023 година.

Организацијата Лекари без граници предупреди дека ситуација во Газа е драматична по воените операции и изразија осудува за Израел за блокадите што ги наметнал поради што палестинската област се соочува со колапс, хуманитарна криза и недостиг на храна, лекови и гориво, неопходни меѓудругото и за функционирање на болниците.

Лекари без граници со осуда за Израел: Газа стана масовна гробница за Палестинците

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот