Јужна Африка го кани Путин на самитот на БРИКС, и покрај налогот за апсење од Хашкиот суд

Путин и јужноафриканскиот лидер и сојузник на Москва, Сирил Рамафоса / Фото: EPA-EFE/SERGEI CHIRIKOV / POOL

Рускиот претседател Владимир Путин е повикан на самитот на БРИКС во Јужна Африка, и покрај налогот за негово апсење кој го издаде Меѓународниот кривичен суд, изјави јужноафриканската министерка за надворешни работи Наледи Пандор.

Според неа, се очекува рускиот лидер да учествува на самитот, кој ќе се одржи во август, иако потерницата на МКС е „причина за некаква загриженост“.

„Во минатото повеќе пати укажував на двојните стандарди во светските проблеми. Има многу други земји кои се вклучени во конфликти, но ниедна од нив досега не била интересна за МКС“, рече таа.

БРИКС е група на пет светски растечки економии – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република.

Хашкиот суд минатата недела издаде налог за апсење на рускиот претседател, кој е осомничен за организирање на масовното киднапирање украински деца од окупираните територии и нивно депортирање во Русија.

Јужна Африка ќе биде на тест со хашката потерница по Путин: Земјата е обврзана да го уапси ако дојде на самитот на БРИКС

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот