Судот во Хаг издаде налог за апсење на Путин, осомничен е за киднапирањето украински деца

Владимир Путин
Владимир Путин /EPA-EFE/MIKHAIL METZEL / SPUTNIK / KREMLIN

Меѓународниот кривичен суд во Хаг денеска соопшти дека издал налог за апсење на претседателот на Русија, Владимир Путин, под обвинение за воени злосторства поради неговата можна вмешаност во грабнувањето на деца од окупираните територии во Украина.

Судот наведе дека Путин е осомничен за „воено злосторство илегална депортација на население (деца) и нелегално преселување на население (деца) од окупираните територии на Украина во Русија.

Поради слични обвинувања, судот со седиште во Хаг денеска издаде и налог за апсење на Марија Алексеевна Лвова-Белова, комесарка во Канцеларијата на претседателот на Русија за правата на децата.

Засега Кремљ не објави коментар за таквата одлука.

Јужна Африка ќе биде на тест со хашката потерница по Путин: Земјата е обврзана да го уапси ако дојде на самитот на БРИКС

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот