Јувентус суспендираше тројца играчи поради организирање на забава

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Јувентус казни тројца свои играчи за организирање забава во домот на Вестон Мекени во средата, кршејќи го правилото кое е на сила во Италија, а кое се однесува на мерките за спречување на ширење на коронавирусот.

Мекени организираше приватна забава во неговиот дом на која покани 10 лица. На истата беа и Пауло Дибала и Артур.

Сите тројца се суспендирани од клубот и немаат право да играат на првенствениот натпревар против Торино во сабота со почеток во 18.00 часот.

Истата суспензија може да биде продолжена и на заостанатиот меч од третото коло на шампионатот против Наполи во среда.

Во Италија, полицискиот час е во сила од 22.00 до 05.00 часот. Полицијата пристигнала во домот на Мекени на повик на сосед околу 23.30 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот