Јувентус на лето ќе прави реконструкција на тимот, три имиња во фокусот

фото: EPA-EFE

Разочарувачката сезона во која по деветгодишна доминација остана без титулата во Серија А ги натера челниците на Јувентус на лето да направат компплетна реконструкција на тимот.
Главна цел на управата ќе биде задржување на двајцата најдобри фудбалери, Кристијано Роналдо и Пауло Дибала чии договори истекуваат идната година.

Преговорите со Дибала траат веќе неколку месеци, двете страни не можат да најдат заеднички јазик за продолжување на соработката, но според последните информации од „Тутоспорт“ аргентинскиот репрезентативец е расположен да потпише нов договор.
Од друга страна, се поизвесно е дека Роналдо на крајот од сезоната ќе си замине од Торино бидејќи Португалецот е разочаран од игрите на Јувентус сезонава. Екипата повторно испадна во осминафиналето во Лигата на шампионите, а по деветгодишна доминација, сега ја загуби и титулата во Серија А и Португалецот кој сака барем уште една титула во ЛШ гледа кон Париз или Манчестер.

Договорите на лето им истекуваат на Џанлуиџи Буфон и Џорџо Кјелини кои најверојатно си заминуваат, а нема да биде откупен договорот ниту на Алваро Мората кој ќе се врати во Атлетико Мадрид. На лето во последна година од договорот ќе влезат и Хуан Квадрадо и Федерико Бернардески, но засега управата нема да седне на преговори со нив.
Што се однесува до засилувањата, највисоко на списокот на желби се наоѓаат три имиња кои челниците на „старата дама“ по секоја цена ќе се обидат да ги донесат.
Решение на левата бековска позиција треба да биде Алекс Телеш од Манчестер јунајтед. Телјеш минатата година пристигна во Јунајтед од Порто, но падна во сенка на Лук Шо и нема да биде изненадување доколку „црвените ѓаволи“ се согласат да го продадат.
Како освежување во средниот ред, челниците на Јувентус сакаат да биде германскиот репрезентативец, Јулијан Дракслер. На Дракслер на лето му истекува договорот со ПСЖ и сигурно е дека нема да биде продолжен па поради тоа претседателот Андреа Ањели се надева дека ќе успее да го наговори да дојде во Торино. Голема конкуренција за потписот со Дракслер на Јувентус ќе му биде Баерн Минхен кој исто така пројавува сериозен интерес.
Третата голема желба на Јувентус настапува за Барселона, Осман Дембеле. Ањели ќе се обиде да најде заеднички јазик со управата на Барселона но тоа би значело нова размена и во која најверојатно ќе мора да се откаже од Матијс де Лихт доколку сака да го ангажира Дембеле.
Без разлика дали овие имиња ќе го засилат Јувентус, италијанскиот тим го очекува доста жешко лето на трансфер пазарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот