Јуве потврди трансфер бомба за утре

Италијанскиот шампион, Јувентус за утре, 1 јули најави изненадување за своите навивачи.
„Старата дама“ се огласи на социјалните мрежи и постави клип со наслов „Започнување утре“ на кој стои уште и „Што не разликува од другите? Следи, 1.07.2019“.

Италијанските медиуми сметаат дека оваа објава на Јувентус се однесува за Матијс де Лихт кој е најавено дека токму утре треба да пристигне во Торино на лекарски прегледи и да потпише петгодишен договор. Веќе се познати и бројките, Јувентус на Ајакс ќе му исплати 67 милиони евра и уште дополнителни 13 милиони евра на име на бонуси.

Капитенот на Ајакс ќе потпише договор на пет години и ќе заработува осум милиони евра годишно, а со дополнителните бонуси платата ќе му се зголеми за дополнителни четири милиони евра.

Освен Де Лихт, во наредните денови се очекува и официјална промоција и на францускиот репрезентативец Андриен Рабио кој од ПСЖ се сели во Серија А.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот