ЈуТјуб ја суспендира телевизијата Скај њуз Австралија поради дезинформации за Ковид-19

ЈуТјуб (YouTube) денеска објави дека на една недела го суспендира телевизискиот канал Скај њуз Австралија Sky News Australia) од својата платформа за размена на видео-снимки поради лажни информации за Ковид-19.

– Имаме јасна политика за лажните информации за Ковид-19… за да спречиме ширење на лажни информации за коронавирусот, кои можат да нанесат штета на светот, се наведува во соопштението на ЈуТјуб.

Скај њуз Австралија е во сопственост на медиумскиот могул Руперт Мардок, а на ЈуТјуб има 1,86 претплатници. Телевизијата пред три дена на ЈуТјуб објави колумна на автор кој се спротивставува на рестриктивните мерки и ги критикувца властите за затворањето на Сиднеј.

ЈуТјуб има три вида казни за прекршувања: првата е суспензија од една недела, потоа две недели за повторување на прекршокот во рок од 90 дена и конечно трајно отстранување од платформата.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше суспендиран од ЈуТјуб на почетокот на 2021 година.

Видео платформата ЈуТјуб е во сопственост на Алфабет (Alphabet), матичната компанија на Гугл (Google).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот