Јункер го прекина одморот и итно замина на операција

Фото: МИА

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер го прекина одморот и ќе биде итно опериран, соопшти Европската комисија.

Тој мораше да го прекине одморот во Австрија поради медицински причини, стои во пишаното соопштение од ЕК.

Јункер е префрлен во Луксембург каде итно ќе биде опериран за отстранување на жолчното ќесе, наведуваат од Брисел.

Некогашниот премиер на Луксембург, Жан Клод Јункер на чело на ЕК се наоѓа од 2014 година, а мандатот му истекува во октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот