Јунајтед нуди тројца играчи за фудбалер на Арсенал

EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Манчестер јунјатед сериозно е заинтересиран за фудбалерот на „топчиите“, Матео Гендузи, пишуваат англиските медиуми.

Гендузи се наоѓа на удар на навивачите на Арсенал, но и менаџерот Микел Артета е разочаран од игрите на Французинот и планира да го замени со македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Откриено колку нуди Арсенал за Барди

Еден од најзаинтересираните екипи за Гендузи е големиот ривал на Арсенал, Манчестер јунајтед и подготвен и да понуди дури тројца фудбалери во замена за него.

„Црвените ѓаволи“ планираат на „Емирати“ да испратат двајца од понудените тројца играчи, и тоа Џеси Лингард, Крис Смолинг и Алексис Санчез.
Лингард се наоѓа на излезни врати од „Олд трафорд“, тој целосно потфрли со игрите сезонава и го натера менаџерот Оле Гунар Солскјер да го стави на странсфер листата, Крис Смолинг моментно е на позајмица во Рома но италијанскиот тим нема пари да го откупи договорот поради што тој по крајот на сезоната се враќа во Јунајтед.

Најголемо изненадување во предлогот на Јунајтед и Алексис Санчез кој на „Олд трафорд“ пристигна токму од Арсенал и оттогаш кариерата му оди во надолна линија. Во Манчестер јунајтед по секоја цена сакаат да се ослободат од него, додека во Арсенал се надеваат дека Чилеанецот може да се врати во поранешната форма кога беше еден од најдобрите напаѓачи на светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот