Јубилејот на Гачевски беше крунисан со победа на Вардар
Вардарци ја забележаа третата победа во низа од пролетниот дел на сезоната во Втората македонска лига – Запад. Во рамките од 21 коло убедливо триумфираа над Кадино со резултат 4:0 на стадионот „Борис Трајковски“ – Маџари, Скопје.
Препорачано
Стрелци на головите беа Петковски во четвртата и 52 минута, Демир во 33 и Величковски во 83 минута. Филип Гачевски денеска прослави еден јубилеј во „црвено-црниот дрес“, откако по 150т пат го облече дресот на Вардар.
Во другите средби од 21 коло во 2МФЛ – Запад: Силекс – Охрид 1:0, Тетекс – Гостивар 2:0, Воска Спорт – Велешта 4:0, Беса 1976 – Кораб 2:0.
Табела: Силекс 53 бодови, Воска Спорт 48, Вардар 43, Тетекс 34, Гостивар 26, Беса 1976 25, Кораб 20, Охрид 19, Велешта 17, Кадино 6.
2МФЛ – Исток, 21. коло, резултати: Слога Виница – Детонит Јуниор 2:1, Саса – Осогово 2:0, Победа – Братство 07 6:0, Кит Го Пехчево – Кожуф Гевгелија 1:0, Беласица – Лок. Градско 6:0.
Табела: Слога Виница 45 бодови, Победа 44, Беласица 44, Саса 43, Осогово 27, Кит Го Пехчево 26, Кожуф Гевгелија 26, Детонит Јуниор 20, Братство 07 13, Лок. Градско 6.


