Јсп/Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

ЈСП брои „олдтајмери“, само 12 отсто имаат Еуро 6 стандард, речиси половина се неисправни

Возниот парк на ЈСП-Скопје располага со автобуси постари од 30 години кои често се расипуваат, а од вкупниот број возила, дневно сообраќаат едвај половина, покажува анализата на Центарот за граѓански комуникации.

Автобуси сè помалку, возниот парк брои „ветерани“

Претпријатието располага со 341 автобус, но по скопските улици дневно возат само 157 на сите градски и приградски линии.

ФОТО | Автобус на ЈСП се расипа среде Центар

Најалармантна е состојбата со бројот на исправни автобуси. Споредбено со 2015 година, ЈСП тогаш располагало со 430 автобуси, што е за 89 автобуси повеќе од денес. Пред една деценија имало 316 дневно исправни автобуси, додека пак денес бројката е за 40 отсто помала, односно во 2025 година ЈСП има 185 дневно исправни автобуси.

Според дневните извештаи и статистики на ЈСП, слична е и состојбата со бројот на автобуси што секој ден сообраќаат. Доколку во 2015 година дневно имало по 213 автобуси во сообраќај, сега во работа има само по 157 автобуси дневно.

Обилниот дожд „проби“ автобуси на ЈСП: покриви прокиснуваа утринава, седиштата – утоп

(Не)исправноста на автобусите и нивното често расипување е директно последица од „староста“ на возниот пак, земајќи предвид дека просечната старост на автобус изнесува 13,3 години и таа е во постојан пораст од 2021 година.

За 10 години се набавиле 33 автобуси на дизел и шест електрични

Во однос на купувањето нови возила, изминативе десет години имало само две набавки на нови возила и тоа било во 2020 година, кога се набавени 33 автобуси од марката „МАН“, а во 2021 година се отпишани постарите автобуси од марката „санос“. Најнови, од 2025 година, се шесте еколошки автобуси од турската марка „БМЦ“, добиени како донација од Европската Унија.

„Олдтајмери“ во возниот парк се десетте автобуси марка „санос“ произведени пред 30 години. Тие се набавени уште од минатиот век, а по 13 години старост веќе имаат и кинеските и украинските автобуси.

 

Речиси цела автобуска флота во Македонија е зависна од дизел, само 15 автобуси се електрични

Истражувањето покажува дека најголем дел од автобусите со кои располага ЈСП се кинеските „јутонг“, од кои има 210, што преставува 60 отсто од вкупниот број. Потоа, 19 отсто или 64 автобуси се украинските „лаз“, додека пак 33 автобуси или околу 10 отсто се поновите автобуси „МАН“, од кои 21 се единечни и 12 се зглобни.

Центарот нотира дека загрижувачки е и фактот што дури 24 отсто од автобусите се со еколошки стандард Еуро 4, 63 проценти имаат еколошки стандард Еуро 5, додека пак само 12 отсто од автобусите имаат највисок стандард, односно Еуро 6.

ЈСП доби уште 150 милиони денари субвенции за вработените да се „мирни“ до крај на годината

Дефицит има и во бројот на патници

Токму поради овие намалувања на бројот на автобуси, изминатата деценија се преполовил и бројот на патници.

Во споредба со 2015 година, кога имало 51,6 милиони патници во автобусите на ЈСП Скопје, во 2025 година се превезени само 22 милиони патници, односно речиси 30 милиони патници помалку на годишно ниво.

Иако голем пад се случил за време на Ковид-19 кризата, кога ЈСП изгубил речиси 23 милиони патници, сепак поновиот пад на бројот на патници се случува во 2024 година, кога бројот на годишно превезени патници е намален за скоро 6 милиони, а во 2025 година за дополнителни 3 милиони.

Годишните приходи на претпријатието изнесуваат по околу 29 милиони евра. Од нив, најголем дел, односно околу 50 проценти доаѓаат од линиски превоз на патници, односно од билетите, додека пак 40 отсто од вкупните приходи доаѓаат од субвенции за бесплатен превоз и за потешкотии во работењето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот