Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Обилниот дожд „проби“ автобуси на ЈСП: покриви прокиснуваа утринава, седиштата – утоп

Обилниот дожд во Скопје утринава „проби“ автобуси на ЈСП – некои од возилата прокиснуваат, па водата се слева од покривите и ги натопува седиштата, а патниците се принудени да стојат.

— Се качив во автобусот бр. 22 на пат за работа, на горниот кат пола седишта беа натопени во вода, па моравме да стоиме долу. Навистина не ми е јасно како немаат ни основно одржување, се возиме во распаднати автобуси — вели за „Слободен печат“ Александар од Скопје.

Други граѓани, исто така, се жалат дека автобуси пропуштале вода и седиштата биле водени.

За потсетување, осумдесетте електрични автобуси за Скопје, што ги најави премиерот Христијан Мицкоски уште во ноември 2024 година, станаа 100, но кога тие ќе пристигнат на улиците на главниот град е прашање на кое очигледно никој не може да даде одговор.

Премиерот информира дека се обезбедени средства за 150 електрични автобуси наменети за Скопје и за општините со организиран јавен превоз.

— Град Скопје побара 250, ќе добие 100, а останатите општини побараа 98, ќе добијат 50, а на секои два автобуса има предвидено еден полнач – изјави Мицкоски пред неколку недели.

ЈСП доби уште 150 милиони денари субвенции за вработените да се „мирни“ до крај на годината

Инаку, во текот на ноќта и утрово се очекува зголемување на водостојот на реката Вардар во средниот дел од течението, како и на реката Треска, соопшти УХМР и предупредува на внимателно движење покрај реките.

Обилниот дожд, што ја зафати земјата, вчера предизвикаа излевање на реки и сериозни поплави во западниот и во северниот дел од Македонија.

Најпогодени се општините Кичево и Сарај, каде се вршеше евакуација на жители и интензивна санација на штетите.

Поплави во Сарај, механизацијата на терен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот