Јовановски излезе со гас маска на говорница за да покаже до каде е состојбата со загадувањето во Скопје

Фото: Скриншот од Седница на Град Скопје

На денешната седница на Советот на Град Скопје на која се разговара за Буџетот за 2024 година, советникот Горјан Јовановски од „Зелен хуман град“ излезе со гас маска на говорницата, обидувајќи се сликовито да објасни до каде е дојдено со загадувањето во Скопје и дека притоа ништо не се работи за состојбата да се подобри.

Тој од говорницата порача дека ЗХГ нема да гласа за овој Буџет затоа што во него за 46 отсто се намалени ставките за животна средина, побара описно да се претстават проектите и да се знае колку точно пари за кој проект се наменети, но побара и конструктивност во подготовка на буџетот.

Овој Буџет не го подржуваме, не треба да го гласате ни вие. Имаме време да седнеме и да го ревидираме, да ни се разјаснат работите, да добиеме консензус од сите нас тука и од Градот за сѐ тоа што ќе биде преземено. Инаку јас не знам што повеќе правиме овде – рече Јовановски.

Советничката Ирина Витина му реплицираше дека не е точно дека ништо не е направено, не може само Град Скопје многу да направи, дека треба да се вклучат и општините и инспекторатот. Притоа му посочи дека ставањето на гас маска е само популизам.

 Вакви патетики сме гледале, ама ништо не помогнале – рече Витина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот