Јованоски: Моите цели се освојување на европски куп и настап на Олимпијада!

Димитар Јованоски, една од најголемите македонски надежи во триатлонот освен на домашната, блеска и на меѓународната сцена.

Учесници на „3DISCIPLINES.MKD“ од Струга настапија на спринт триатлон натпреварот во Приштина, Косово. При овој клупски настап на натпреварот кој се одржа за првпат, Јованоски го освои првото, а Никола Кутаноски третото место во генерален пласман.

Воедно настапи на суперспринтот триатлонот во Сплит, Хрватска (21. „Marjanski Djir“) и оствари исто така голем резултат како севкупен победник во сите категории.

– За трката во Приштина, јас сум задоволен од настапот и од самата организација на трката. Конкуренцијата беше огромна имаше над 50 триатлонци од различни категории, но успеав да го подигнам нивото и да победам – ни изјави Јованоски.

Надвор од државата тој има повеќе повеќе во дуатлон и триатлон…

– На домашна сцена најголем успех ми е првото место на Топси триатлон трката во Скопје каде бев севкупен победник со најдобро време од сите категории. Надвор од државата имам повеќе победи во дуатлон и триатлон, многу ми значи деветто место на европскиот јуниор куп во Охрид каде бев најмлад јуниор и конкуренцијата беше огромна – додаде македонскиот натпреварувач.

Поддршката е неопходна, а таа секогаш доаѓа од најблиските…

– Со триатлон почнав 2014 година. Почетокот ми е во велосипедизмот каде и сеуште учествувам, па тренирајќи во Струга со дел од триатлонците од Т.К. Титани и на покана на тренерот Никола Кутаноски учествував на трката во Радожда каде освоив второ место и љубовта кон триатлонот се роди. Сеуште мој тренер е Никола Кутаноски, и моите успеси се и негови – вели Јованоски.

Индивидуалните спортови ни носат повеќе успеси, трофеи, така и триатлонот, но и тука се потребни исполнување на потребните услови за тренинзи и учества…

– Во нашиот спорт има многу вложувања и финансиски е тешко да се издржи. Како државен првак на Македонија земам стипендија од Агенцијата за млади и спорт, а другите трошоци одат на мојата фамилија и некои наши пријатели.

Со секој голем резултат, и амбициите стануваат поголеми, со додатна мотивација и позитивна атмосфера до уште поголеми желби…

– Како секој спортист моите цели се освојување на европски куп и претставување на нашата држава на Олимпијада – се зборовите на Јованоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот