7.9 C
Скопје

Јорданчо Давитков се враќа во Европа и ќе седи на клупата на Пеќ

Поранешниот селектор на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков е нов тренер на екипата на Пеќ.

Ангажманот во косовскиот прволигаш значи враќање на Давитков во европската клупска кошаркар по пауза од 13 години. Давитков од 2008 година тренира екипи од Блискиот Исток, Ал Квадсиа, Ал Јахра, Кувајт, Ал Васл, Ал Шааб, Банијас и Ал Квадсиа се тимовите кои во последните 13 години ги предводеше поранешниот кошаркар на Работнички и на Никол Ферт.
Јорданчо Давитков од 2017 до 2019 година беше и селектор на македонската репрезентација исто како и во периодот од 2001 до 2007 година.

Се очекува Давитков да потпише договор до крајот на сезоната со тимот кој моменто се наоѓа на третото место во косовскиот шампионат.

Прочитајте и...  Вујовиќ: Македонија мора да најде пикери како Марковски и Јоновски

Поврзани вести

Червар: Ова не е неуспех за мене, ова е реалноста

Слободен печат

Македонија ЃП остана без Абдул Басит, напаѓачот потпиша за тунискиот шампион

Слободен печат

Федерер само на еден начин може да ги победи Ѓоковиќ и Надал

Слободен печат

Катастрофалното второ полувреме ги остави Хрватите без четвртфинале

Слободен печат

Е. Пелистер подобар од Горица на контролата во Словенија

Слободен печат

Капитенот Лазаров со поддрша за Мукаетов: Под неговот водство се изградивме како сериозна федерација

Слободен печат

Остави Коментар