Јончевски со 12 кошаркари за натпреварот против Данска во претквалификациите за ЕП 2025

Најдобрите македонски кошаркари во СРЦ „Кале“ ќе бркаат победа над Словачка/Фото: kfsm.mk

Непосредно пред заминувањето за Данска, каде во четврток нè чека првиот натпревар од вториот круг на претквалификациите за Евробаскетот 2025, селекторот на машката сениорска репрезентација Александар Јончевски го дефинираше играчкиот ростер.

Новиот предводник на „црвено-жолтите“ се определи за 12. кошаркари на кои ќе смета за првиот меч, оној во Арената во Нествед, предвиден да се игра на 25 август, со почеток од 19.00 часот.

Од планираните кандидати, поради ситна повреда, во составот нема да биде Бобан Стајиќ, а поради недостаток на високи играчи, шанса за деби во сениорскиот национален тим ќе добие Димитар Пандев.

Во вторник од 10.00 часот, за кога е предвидено заминувањето за Данска, на собирното место, пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, повикани се да дојдат: Војдан Стојановски, Бојан Крстевски, Кристијан Николов, Ненад Димитријевиќ, Андреј Магдевски, Стојан Ѓуроски, Теодор Симиќ, Дамјан Робев, Андреј Маслинко, Андреј Јакимовски, Виктор Ефремовски и Димитар Пандев.

Покрај Македонија и Данска, во нашата претквалификациска група „Д“ се и репрезентациите на Словачка и Норвешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот