
Јончевски: Размислуваме само на Естонија, тоа е натпревар на кој мора да победиме
Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска ги почнува подготовките за двата последни натпревари во квалификациите за Европското првенство.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Јончевски верува дека Македонија може да дојде до посакуваните резултати, но е свесен дека ќе биде тешко. За да имаме шанси да обезбедиме пласман на собирот на најдобрите европски селекции на Македонија и се потребни победи против Естонија и Полска.
„Во моментов размислуваме само на Естонија и на натпреварот кој мора да го добиеме за да одиме понатака, а за Полска ќе се подготвуваме по Естонија. Имаме мотив, имаме желба, составот можеби не е во најпосакуван изглед по моментов. Имаме среќа што Ненад Димитријевиќ е со нас, тука го имаме и Ти-Џеј Шортс. Се надевам дека како тандем ќе функционираат беспрекорно и ќе дојдеме до победа. Со Јакимовски сум во контакт, имавме позитивни одговори од Колорадо затоа што имаа минимални шанси да се квалификуваат понатаму. Но, пред скоро добивме порака дека тимот има шанси да оди понатаму. Се надевам дека ќе се појави тој во Талин и ќе го имаме на располагање. За разлика од претходниот циклус, го имаме Теодор Симиќ, кој се надевам дека ќе помогне за игра под кошевите, најголемиот проблем кој го имавме претходно со такви физички репрезентации. Тука гледам наша шанса и за некоја брза игра, да ги бркаме тие пет поени негатива во Талин“
Натпреварот против Естонија го играме в петок во Талин, а три дена подоцна ќе бидеме домаќини на Полска.