Никола Јокиќ / Фото: Denver Nuggets

Јокиќ и Дончиќ се избрани во најдобрата петорка на сезоната во НБА

Осми пат по ред, Никола Јокиќ се најде меѓу трите најдобри петорки во изборот на НБА-лигата, со што стана рекордер на Денвер нагетс, а место имаше и за словенечката ѕвезда Лука Дончиќ.

Српскиот центар вкупно шести пат е избран во идеалниот тим на сезоната, продолжувајќи да испишува историја во најсилната кошаркарска лига во светот. Во регуларниот дел од сезоната, Јокиќ бележеше просек од 27,7 поени, 12,9 скока и 10,7 асистенции по натпревар, со што оствари трипл-дабл просек.

Кошаркарот од Сомбор стана и првиот играч во историјата на лигата кој истовремено беше лидер и во скокови и во асистенции, додека Денвер сезоната ја заврши на третото место во Западната конференција.

Нагетс настапот оваа сезона го завршија со елиминација од Минесота уште во првото коло од плејофот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NBA (@nba)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот