„John Wick: Chapter 4“ со рекордни 137,5 милиони долари заработка во првиот викенд

Фото: Инстаграм/„John Wick“

Џон Вик со четвртото продолжение се врати на големото платно и веќе руши рекорди. Многу пукања, бркотници, завери и, се разбира, неодоливата митологија поврзана со овој лик и неговиот филмски универзум. „John Wick: Chapter 4“ заработи 73,5 милиони долари на американскиот бокс офис во првиот викенд.

Филмот дебитираше на првото место и на секој од 71 пазар каде што беше објавен, заработувајќи неверојатни 137,5 милиони долари ширум светот, пишува „Variety“.

Домашното отворање ја надмина заработката од првиот филм, „John Wick“ од 2014 година (14 милиони долари), како и „John Wick: Chapter 2“ од 2017 година (30 милиони долари) и „John Wick: Chapter 3“ од 2019 година (56 милиони долари). Според Холивуд Репортер, четвртиот дел го означува и најголемото домашно отворање на Лајонсгејт во ерата на пандемијата, како и едно од најдобрите досега во 2023 година. Тие додаваат дека само девет франшизи во изминатите 40 години успеале да постават рекорди за првиот викенд со нивното четврто продолжение.

Во режија на Чад Стахелски, филмот од 2 часа и 49 минути е преполн со вообичаениот хаос, насилство и морбиден хумор што ја дефинира оваа акциона франшиза. Во актерската екипа се Кијану Ривс, Дони Јен, Бил Скарсгард, Лоренс Фишбурн, Хиројуки Санада, Шамиер Андерсон, Рина Савајама, Иан Мекшејн и Ленс Редик, кој почина на почетокот на месецов.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот