Фото: EPA/LISE ASERUD

Јоханес Хесфлот Клебо испиша историја на ЗОИ освојувајќи шест златни медали

Норвешкиот спортист Јоханес Хесфлот Клебо влезе во историјата на Зимските олимписки игри со победата во сите шест дисциплини во крос-кантри на ЗОИ 2026 во Милано и Кортина. Клебо го заврши натпреварувањето како најдобар во четири поединечни дисциплини, една дисциплина во која беше тандем и една дисциплина во која беше дел од тим од четири норвешки претставници.

На Зимските олимписки игри 2026, Клебо освојуваше златни медали во класичен спринт, 10 километри слободен стил, 20 километри скијатлон, 50 километри класичен стил, тимски спринт слободен стил и штафета 4×7,5 километри.

Освојувањето на шест златни медали на исти Зимски олимписки игри звучи речиси неверојатно, но ова не е ништо ново за Клебо. Претходната година, на Светското првенство во Трондхајм, го стори истото – беше најдобар во сите шест дисциплини и освои шест златни медали. Севкупно, Норвежанецот има 11 златни медали од Зимските олимписки игри и 15 златни медали од Светските првенства во својата досегашна кариера.

Какви медали има Клебо досега?

Шесте златни медали на Зимските олимписки игри се само продолжение на неверојатните успеси што Норвежанецот ги постигна во последните години. Клебо освои три златни медали на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг во 2018 година, а потоа освои два златни медали, еден сребрен и еден бронзен медал на Зимските олимписки игри во 2022 година во Пекинг.

Исто така, покрај шесте златни медали на Светското првенство во Трондхајм во 2025 година, Јоханес Хесфлот Клебо има бронзен медал во Лахти во 2017 година, три златни медали во Зефелд во 2019 година, три златни медали во Оберсдорф во 2021 година, три златни и два сребрени медали во Планица во 2023 година.

На Светското јуниорско првенство во 2015 година во Алмати, тој освои два бронзени медали, а потоа три златни медали во Раснов, Романија, една година подоцна. На натпреварите од Светскиот куп, од кои е повеќекратен шампион и во генерален и во поединечни дисциплини, Клебо има дури 107 победи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот