фото/Инстаграм

Јелена Спенџарска за љубовта: „Верувам во знакот кој го добив дека ќе се раскрстат работите на подобро“

Јелена Спенџарска раскажа за љубовта и за бракот, поточно за една необична случка во студиото.

Спенџарска, како што е познато, е дел од утринската програма „Здраво Македонијо“ на телевизија Канал 5, и е доста активна на социјалните мрежи, снимајќи видеа пред и по утринската емисија.

Новото видео што го објави на нејзината инстаграм-приказна е поврзано со гостинка која ѝ дала уникатен подарок, а тој подарок на Јелена ѝ дал знак во кој таа многу верува.

„Ми го донесе ова една гостинка која изработува ракотворби и нешто си зборевме, за љубов, за брак, таа седеше таму на тоа столче, и додека зборевме, тоа падна накај мене“, рече Спенџарска држејќи ја во раце малата рачна дрвена изработка со светци.

„И жената го крена, тука ми го донесе, ми го стави и рече: ‘Ова е некој знак дека некои работи ќе ти се раскрстат тебе на подобро’. И јас верувам во такви работи, и чекам да ми се раскрстат работите на подобро, затоа што било добар знак“, рече водителката и инфлуенсерка со голема радост.

 

Во неколку наврати, на Инстаграм објави дека во 2025 ѝ се случиле и дорби и лоши нешта.

„Наскоро ќе има многу постови од луѓе кои ќе споделуваат што сè постигнале во 2025 година. Во случај некој да треба да го прочита ова, сосема е во ред ако единственото нешто што го постигна годинава е што преживеа“, напиша таа на Инстаграм неодамна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот