Јелена Карлеуша „удри“ по Мадона откако ги поддржа протестите на српските студенти: „Ти си легенда, но…“
Светската поп-икона Мадона ја изрази својата поддршка за протестите во Србија со објава на својот инстаграм-профил, споделувајќи снимки од масовните собири во Белград и Нови Сад. Со видеото, таа објави порака под наслов „Моќта на единството“, во која го истакна значењето на протестите и нивното влијание врз регионот.
Препорачано
Мадона објасни дека, иако медиумите не го покриваат доволно, студентите затвориле речиси сите универзитети и организираат 24-часовни блокади. Таа истакна дека на улиците излегуваат илјадници граѓани кои бараат системски реформи и намалување на корупцијата.

По нејзината објава, српската пејачка Јелена Карлеуша, која во последните месеци јавно ги осудува студентските протести, реагираше бурно.
Таа објави остра порака на својот инстаграм-профил, директно обраќајќи ѝ се на Мадона:
„Остави ја мојата земја на мира, Мадона! Ти живееш во земја каде што студентите секојдневно се уништуваат поради студентските кредити. Банкарите им ги земаат семејните домови и им ги уништуваат животите. Твојата земја бомбардира и уништува демократски држави низ светот. Каде е твојата загриженост за геноцидот во Палестина? Нека тоа биде твоја грижа. Студентите во Србија имаат бесплатно образование и бесплатна здравствена заштита. Ја сакам твојата музика, ти си легенда, но ОД*БИ!“
Иако нејзината објава доби внимание во регионот, таа има далеку помал опсег од инстаграм-профилот на Мадона. Останува да се види дали поп-кралицата воопшто ќе ја забележи оваа реакција.


