ВИДЕО | Јелена Ѓоковиќ во транс: Скокнала на сепаре поради песната на Брена

Фото: Принтскрин/Јутјуб/Блиц

Сопругата на познатиот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ, синоќа се забавувала на концертот на Лепа Брена и Сенида кој се одржа во Белград и во еден момент се качила на сепаре, пишува „Блиц“.

Имено, Јелена се забавувала со хитовите на балканската дива Лепа Брена и музичката ѕвезда Сенида.

Лепа Брена во еден момент го запеала својот голем хит „Пази коме завидиш“, а Јелена Ѓоковиќ се качила на сепаре, танцувала и пеела без престан.

Инаку, при самото доаѓање на настанот, Јелена не сакала да даде изјава, но накратко им позирала на фотографите, па се упатила кон своето сепаре.

Инаку, Лепа Брена и Сенида пееле за белградската публика на RedBull SoundClash што се одржа на Доњи Калемегдан, а познатите личности дошле да го видат нивниот спектакл.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

ВИДЕО | Јелена Ѓоковиќ за „љубовната врска“ на Новак: Не сум лута

ФОТО | Јелена Ѓоковиќ конечно откри каков ѝ е односот со свекрвата

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот