ВИДЕО | Јелена Ѓоковиќ за „љубовната врска“ на Новак: Не сум лута

Фото: Принтскрин - Фејсбук

Јелена Ѓоковиќ на својот Инстаграм сподели емотивно видео во чест на 378-та недела на Новак на врвот на АТП листата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)

Новак  ја започна рекордната и историска 378-та недела на првото место на АТП лиустата на најдобрите тенисери на светот со 6.980 поени и со тоа конечно ја остави зад себе легендарната Германка, Штефи Графт.

„Со гордост ја славиме тениската љубовна врска на Новак за која зборува целиот свет – а сопругата не се лути“, се пошегува Јелена Ѓоковиќ, додавајќи дека нејзиниот сопруг е најдобриот тенисер на светот најдолго во историјата на тенисот.

По Новак Ѓоковиќ и второпласираната Штефи Граф сега следува Мартина Навратилова со 322 недели на врвот, Серена Вилијамс, која беше на врвот 319 недели. На петтото место е Швајцарецот Роџер Федерер – 310. Шести е Пит Сампрас со 286, по нив следуваат Иван Лендл со 270 и Џими Конорс со 268, Крис Еверт со 260 недели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)

Швајцарката Мартина Хингис и Шпанецот Рафаел Надал поминаа по 209 недели како најдобри во светот.

ФОТО | „Те гледам“: Новак и Јелена Ѓоковиќ никогаш не биле позаљубени

ФОТО | Јелена Ѓоковиќ конечно откри каков ѝ е односот со свекрвата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот