Јавни повици за линч на косовскиот амбасадор во Франција откако ја сподели карикатурата на Пророкот Мухамед

Косовскиот амбасадор во Франција, Чендрим Гаши, се соочува со многубројни критики откако на Твитер сподели вест за бруталниот терористички напад при кој учител од Франција беше обезглавен.

Веста што тој ја сподели е од весникот Фигаро на чија насловна страна се гледаат карикатури за пророкот Мухамед. Меѓу коментарите што Гаши ги добива има и смртни закани.

Во една од заканите се вели „Оној што го навредува пророкот е осуден на смрт“.

Во друга порака со закана стои: „Да се покаже на светот дека исламот е религија на мирот, масакрирање на секој што се потсмева на Мухамед, дека во спротивно овие гнасни кафири нема да се убедат дека ние сме мирољубиви“.

Бројни корисници на Фејсбук направија група во која бараат амбасадорот да поднесе оставка.

Реакција на твитот на Гаши објави и Исламската заедница на Косово во која постапката на амбасадорот ја нарекува неприфатлива.

„За нас како исламска заедница, ова дело е неприфатливо и казниво, а таквото дело само ја зголемува нетолеранцијата, омразата и недовербата кај луѓето, затоа што навредувањето, навредувањето и напаѓањето на другите, особено кога има врска со прашањето на верата, не претставува никаква вредност. Нашиот народ го цени негувањето на толеранција, разбирање, соживот и меѓурелигиска хармонија, што е пример за другите народи. Меѓурелигиската хармонија што ја култивираме со векови може да биде добар пример и за другите народи и општества“, се вели меѓу другото во реакцијата.

Во меѓувреме, реагираа и многу косовски политичари меѓу кои и пратеничката од редовите на движењето Цамоопределување, Лабиноте Деми Муртезај.

„Неприфатливо е чинот на исмевање на фигурата на нашиот пророк Мухамед (мир и благослови нека е над него) од страна на нашиот амбасадор во Франција, Чендрим Гаши. Оваа акција е скандал и МНР треба да преземе мерки за отстранување на Гаши од функцијата. Еднаш обвинет за спонзорирање на проекти во служба на територијалната расцепканост на нашата земја, гореспоменатите продолжуваат со срамни активности во целосна спротивност со вредностите и определбата што нашиот народ ги култивирал низ вековите“, напиша таа.

Уапсени активисти откако излепиле карикатури на Шарб низ улиците во Тулуз

Брутален терористички напад во Париз: Викнал „Алаху акбар“ и му отсекол глава на наставник (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот