Јавна седница во Апелација за предметот за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот

Обвинетата Клементина Левковска за убиството на Денис Тот/Фото: МИА

Во Апелационен суд Скопје денеска ќе биде одржана јавна седница за кривичниот предмет за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот.

Од Апелација соопштија дека јаваната седница е закажана за 10:30 часот.

Кривичниот суд Скопје на 30 ноември лани, за убиството на Денис Тот на повеќегодишни затворски казни ги осуди Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски. Ѓорѓиевски и Левковска добија по 18, а Костовски 16 години затвор.

Дваесет и седумгодишниот Тот, кој настапуваше за македонскиот суперлигаш Бутел, почина на 8 април 2022 откако бил претепан пред ноќен клуб во Градски парк.

Според обвинителниот акт, Ѓорѓиевски, Левковска и Костовски, на 7 април по кратка расправија го нападнале Тот и му задале повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај него најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал.

Процесот го водеше судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а обвинението го застапуваше обвинителката Тања Трајчевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот