Јавна расправа на Управен суд по тужбата од АСЈО откако ДКСК ја стави во мирување постапката за прием на слушатели

Управен суд / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Управниот суд денеска ќе одржи јавна расправа по предметот по поднесената тужба од Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ откако во петокот Антикорупциската комисија одлучи да се стави во мирување постапката за прием на 130 слушатели на Академијата до завршување на изборите.

Академијата вчера поднесе тужба до Управниот суд, откако минатата недела ДКСК расправаше по втор пат за запирање на постапката за прием на 130-те слушатели до завршување на претседателските и парламентарни избори.

ДКСК пресече во корист на Давкова, АСЈО треба да ја стави во мирување постапката за прием на слушатели

На седницата, членовите на ДКСК со четири гласа „за“ и еден „против“ донесоа одлука со која и се предлага на Академијата за судии и јавни обвинители да ја стави во мирување постапката за прием на 130 слушатели до завршување на изборите, по што Академијата го искористи законскиот рок од 24 часа за поднесување на тужба до Управниот суд, кој пак, по приемот има рок од 48 часа да одлучува по жалбата.

Против ваквата одлука гласаше членот на ДКСК, Софија Спасова Медарска, која образложи дека процесите што се одвиваат во рамки на правосудството не би смееле да зависат од политичките процеси, бидејќи како што рече, судската власт е самостојна независна и јасно одвоена од законодавната и извршната власт. Посочи дека неопходноста од нови кадри во рамки на правосудството можат да ја проценуваат и определуваат само Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, во чија надлежност е да ги следат состојбите со испразнетите места и да го определат потребниот број на слушатели кои ќе ги едуцира Академијата во секоја генерација.

Академија за судии: Антикорупциската комисија донесе политичка одлука по приговорот на Силјановска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот