Јавен повик за иницијативи за урбанистички планови во Крива Паланка

Општина Крива Паланка распиша јавен повик за доставување иницијативи за изработка на урбанистички планови за третиот квартал во 2019 година. Јавниот повик е распишан согласно Законот за проторно и урбанистичко планирање, а сите заинтересирани граѓани можат да достават иницијативи најдоцна до 7 октомври 2019 година.

-Во горенаведениот период сите заинтересирани правни и физички лица можат да достават иницијативи за донесување на нов урбанистички план или изменување и дополнување на псотоечки план. Иницијативите се доставуваат во писмена форма до архивата на општината, до Одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам, информира Службата за комуникација со јавност при Општина Крива Паланка.

Комисијата за урбанизам при општината во рок од 15 работни дена од истекот на рокот ќе одлучи по секоја поднесена иницијатива и ќе го извести подносителот на иницијативата за прифаќање, односно неприфаќање со образложение.

Прифатените иницијативи од јавниот повиќ ќе бидат вградени во годишната Програма за изработка на урбанистики планови на територијата на Општина Крива Паланка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот