Јато птици предизвикаа експлозија кај воен авион (ВИДЕО)

Авионот „Јагуар“ на индиското воздухопловство успеа да избегне уривање, кога наиде на јато птици. За среќа, пилотот во моментот изреагирал, успевајќи да го исфрли сиот товар за леталото да може да се искачи на поголема висина и да ги избегне птиците, а потоа да објави итно слетување.

Како што може да се види и на видеото, до незгодата доаѓа веднаш по полетувањето, а еден од моторите откажува кога пилотот наидува на јатото. Тој веднаш ги исфрла резервите со гориво и мунициција кои предизвикуваат голема експлозија на пистата.

– Пилотот го откачи сиот товар за да добие на висина, а потоа и безбедно да слета – наведоа од индиското воздухопловство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот