Јасна Мандиќ: Зад објавите на 1ТВ на Фејсбук и Инстрагам не стојат луѓето од телевизијата

Јасна Мандиќ, која се уште се води како официјален директор на веќе згасната 1ТВ, реагира на објавите кои од минатата недела почнаа да се појавуваат на официјалните Фејсбук и Инстраграм страници на телевизијата. Имено, вчера на Фејсбук страната на 1ТВ осамна објава во која се посочува дека наскоро ќе бидат објавени лицата кои стојат зад тивката ликвидација на Бојан Јовановски.

– Би сакала да нагласам дека зад овие објави не стојам јас, ниту било кој друг од луѓето што останавме во телевизијата. Фејсбук домејнот на 1ТВ е во сопственост на таткото на Бојан, Миле Јовановски, а логото на телевизијата е заштитено во Заводот за индустриска сопственост под името на Бојан Јовановски. Не би сакала луѓето да се идентификуваат со нас малкумина што останавме во телевизијата со тие објави. Навистина не знам кој ги пишува – вели во изјава за „Слободен печат“, Јасна Мандиќ.

Пред една недела, на Фејсбук и Инстаграм страниците на 1ТВ осамна порака во која се вели:

„Доволно долго време паузиравме со објави на нашите профили. Нашата прва објава ја посветуваме на човекот кој ја создаде 1ТВ, Бојан Јовановски и кој се бореше секој вработен во телевизијата да има достоиствен третман, човек кој беше другар со секој враборен во 1ТВ. Ние сме сведоци на фактите кој бил и каков бил Бојан Јовановски, но…Во контекст на оваа фотографија од денешното рочиште за несреќно наречениот правен предмет „Рекет“ сакаме да ве известиме дека целата јавност ќе биде изнанадена од позадината и вистината за предметот „Рекет“. Како беше онаа познатата реплика „Вистината е како шило“. Е, токму тоа шило ќе го дупне надуениот балон наречен „Рекет“!!!“.

Според информации на „Слободен печат“, станува збор за порака од Бојан Јовановски, познат како Боки 13. Имено, тој најавил дека преку социјалните мрежи ќе почне да и се обраќа на јавноста, со цел да се слушне неговиот дел од приказната во случајот „Рекет“.

Инаку Мандиќ беше потпретседател на Меѓународен сојуз и е осомничена во предметот „Рекет“. На неа Судот и одреди мерка куќен притовр и се товари за измама и перење пари во износ од засега утврдени милион евра, кои првоосомничениот Боки 13 ги зел со измама од двајца бизнисмени, наведувајќи ги дека ќе ги инвестира во нивна корист за изградба на домови за стари лица.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот