Боки 13 прати порака: Јавноста ќе се изненади од позадината и вистината за „Рекет“

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

„Вистината е како шило“. Е, токму тоа шило ќе го дупне надуениот балон наречен „Рекет!“, се вели во аберот од Бојан Јовановски.

На Фејсбук и Инстаграм страната на сега веќе згаснатата 1ТВ денеска осамна објава во која се вели:

„Доволно долго време паузиравме со објави на нашите профили. Нашата прва објава ја посветуваме на човекот кој ја создаде 1ТВ, Бојан Јовановски и кој се бореше секој вработен во телевизијата да има достоиствен третман, човек кој беше другар со секој враборен во 1ТВ. Ние сме сведоци на фактите кој бил и каков бил Бојан Јовановски, но…Во контекст на оваа фотографија од денешното рочиште за несреќно наречениот правен предмет „Рекет“ сакаме да ве известиме дека целата јавност ќе биде изнанадена од позадината и вистината за предметот „Рекет“. Како беше онаа познатата реплика „Вистината е како шило“. Е, токму тоа шило ќе го дупне надуениот балон наречен „Рекет“!!!“, се вели во пораката.

Според наши информации, станува збор за порака од Бојан Јовановски, познат како Боки 13. Имено, тој најавил дека преку социјалните мрежи ќе почне да и се обраќа на јавноста, со цел да се слушне неговиот дел од приказната во случајот „Рекет“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот