Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ: Уставните измени со одложено дејство се оправдан чекор на патот кон ЕУ
Во вечерашното гостување во „Само Вистина“ на Kанал 5, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски, говореше за ЕУ-интеграцијата на земјава.
Препорачано
Според него, веќе подолг период во јавноста ова прашање поврзано со уставните измени и евроинтеграцискиот пат на Македонија се поставува на погрешна основа. Тој смета дека суштината на овој проблем потекнува од погрешниот пристап на претходната власт предводена од СДС и ДУИ.
„Прво, за ваква сериозна работа треба да имаме општествен консензус, не само политички, туку и општествен. Во тие моменти иако ВМРО-ДПМНЕ беше во тешка опозиција, подаде рака за да се вклучи во целиот процес на изградба на националните позиции кои многу полесно би се бранеле”, констатира Јаревски.
Тој додава дека ваквата тогашна понуда од ВМРО-ДПМНЕ беше категорично отфрлена од страна на СДС и ДУИ и дека по таквата нивна постапка, тие се впуштија во процес во кој самите преземаа обврски кои очигледно е дека не можеле да ги завршат, а последиците ги трпиме токму сега.
„Нашата иницијална точка од која поаѓавме беше да се осигураме, дека повторни уцени и диктати од Бугарија нема да имаме. Затоа дадовме неколку пакети, неколку можности кои би можеле да ги реализираме, со цел ваквите ризици да бидат елиминирани и нашиот пат ко ЕУ да биде отворен“, вели Јаревски.


